• четврток, 26 декември 2024

Вебер повторно избран за претседател на ЕПП

Вебер повторно избран за претседател на ЕПП
Брисел, 13 октомври 2021 (МИА) - Германскиот демохристијанин Манфред Вебер денеска по третпат е избран за шеф на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент.
- Горд сум и благодарен на моите колеги што ме избраа повторно да претседавам со групата на ЕПП. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата работа за зајакнување на христијанската демократија и десниот центар низ Европа, рече Вебер по изборот, на кој освои огромно мнозинство гласови.
Тој најави дека ќе се бори против оние кои сакаат да ја загрозат и уништат ЕУ.
- Христијанската демократија беше принцип на создавање на ЕУ и ЕПП е водечка сила за силна и стабилна Европа блиска до народот, рече Вебер.
Вебер (49) е претседател на Христијанско - социјалната унија (ЦСУ), најсилната партија во Баварија, и ја предводи парламентарната група на ЕПП од 2014 година. паг/
   

Остани поврзан