• среда, 27 ноември 2024

Вдовицата на Навални за нападот во Крокус

Вдовицата на Навални за нападот во Крокус

Москва, 22 март 2024 (МИА) – Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изрази сочувство за жртвите од денешниот напад во Крокус Сити Хол, нарекувајќи го „кошмар во Крокус“.

- Сите инволвирани во ова злосторство мора да бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, напиша таа на X.

Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случи во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт. јт/

Остани поврзан