• недела, 24 ноември 2024

Вдовицата на Брајант: Влегувањето во Салата на славните е врв на неговата кошаркарска кариера

Вдовицата на Брајант: Влегувањето во Салата на славните е врв на неговата кошаркарска кариера
Лос Анџелес, 5 април 2020 (МИА) - Петкратен шампион, 18 пати избран во „Ол стар“ натпреварот, во просек по 25 поени, 5,2 скокови и 4,7 асистенции по натпревар во текот на 20 сезони. Ова се само некои од бројките на раскошната кариера на Коби Брајант, кој беше избран за место во кошаркарската Сала на славните. За жал, нема да го слушнеме и да го видиме говорот и формалното прифаќање на Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа со неговата ќерка Џана, на 26 јануари. Во интервју за ЕСПН, вдовицата на Коби, Ванеса Брајант, собра сила да ги сподели своите размислувања за постигнување на нејзиниот сакан. - Тоа е неверојатно достигнување и чест. Ние сме крајно горди на него. Очигледно, би сакале тој да беше тука со нас за да прослави. Дефинитивно ова е врв на неговата кариера во НБА лигата. Секое достигнување што го имаше како спортист беше негов избор. Затоа ние сме крајно горди на него“, рече Ванеса.

Остани поврзан