• четврток, 26 декември 2024

Вајналдум сака поголема плата за да остане на „Енфилд“

Вајналдум сака поголема плата за да остане на „Енфилд“
Ливерпул, 8 јануари 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум, планира да остане во клубот, но ситуацијата со неговиот договор е доведена во прашање. Според „Атлетик“ 30-годишниот Холанѓанец сака долгорочен договор со значително зголемување на платата. Играчот има намера да добие исто колку и високоплатените соиграчи. Политиката на клубот е да не се потпишуваат долгорочни договори за играчи постари од 30 години, па останува да се види исходот од преговорите. Трнеерот Јирген Клоп е уверен дека договорот на крајот ќе биде склучен, но засега ситуацијата е во нејасност. Беше објавено дека Барселона е заинтересирана за Вајналдум. Тековниот договор на фудбалерот е со важност до летото 2021 година. зс/

Остани поврзан