• четврток, 26 декември 2024

Вајналдум не планира наскоро да го напушти ПСЖ

Вајналдум не планира наскоро да го напушти ПСЖ
Париз, 27 јануари 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Жоржињо Вајналдум, откри дека не планира да го напушти тимот во скоро време. Во англиските медиуми беше објавено дека играчот би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал или Тотенхем. Вајналдум изјави дека се уште се адаптира во францускиот клуб, во кој се приклучи во летото 2021 година. - Мојата интеграција помина добро. Пристигнав во нов клуб и лига. Секој ден учам нешто ново од моите соиграчи и членови на тимот. Учам француски, тоа е важно за адаптација, изјави Вајналдум на официјалниот канал ПСЖ. Оваа сезона, Вајналдум одигра 18 натпревари за ПСЖ во Лига 1, од кои девет ги започна како стартер. Фудбалерот постигна еден гол и даде две асистенции. зс/

Остани поврзан