• сабота, 28 декември 2024

Вашингтон формално заклучи дека Хонг Конг не ја задржал автономијата

Вашингтон формално заклучи дека Хонг Конг не ја задржал автономијата
Вашингтон, 27 мај 2020 (МИА) - САД формално заклучија дека Хонг Конг не е независен од Кина, и тоа предизвикува преразгледување на трговските повластувања што ги има поранешната британска колонија, како одговор на контроверзниот закон за безбедност што Пекинг сака да го наметне. Во Хонг Конг полицијата распореди бројни сили околу локалниот Парламент и уапси стотици луѓе за да ги одврати про-демократските активисти да протестираат против разгледувањето на друг предлог-закон, со кој се казнува какво било непочитување на кинеската химна. Планот за закон за „национална безбедност“ во Хонг Конг, со кој се забранува тероризам, сецесија, субверзија и мешање во странство, треба да се разгледа в четврток. По неколкумесечните понекогаш насилни про-демократски протести на полуавтономна територија, новиот закон ќе им овозможи заобиколување на властите во Хонг Конг и за првпат Кина ќе може отворено да ги распореди своите безбедносни сили и тајната полиција во Хонг Конг. Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека „оваа катастрофална одлука на Кина е само последна на долгиот список потези што фундаментално ја поткопуваат автономијата и слободите на Хонг Конг и ветувањата што самата Кина ги даде на луѓето од Хонг Конг“. Според законот донесен од американскиот Конгрес минатата година, државниот секретар треба да „потврди“ дали територијата ужива во нејзината автономија и тој реши да каже дека не е така. „Јас му потврдив на Конгресот дека Хонг Конг нема еднаков третман. Со оглед на фактите на теренот, ниту една разумна личност не може да тврди дека Хонг Конг задржал висок степен на автономија од Кина“, рече Помпео. зш/

Остани поврзан