• вторник, 19 ноември 2024

Вашингтон соопшти дека вработени во УСАИД биле приведени и депортирани од Зимбабве

Вашингтон соопшти дека вработени во УСАИД биле приведени и депортирани од Зимбабве

Вашингтон, 8 март 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави соопштија денеска дека официјални лица во Зимбабве минатиот месец привеле и депортирале вработени во американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) кои биле во таа југоисточна африканска земја на мисија за јавна проценка.

Агенцијата се повикува на изјавата на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер.

„Овие дејствија против тим од експерти за развој, законски примени на територијата на Зимбабве за да и помогнат на Владата на Зимбабве во исполнувањето на нејзината наведена заложба за демократски промени се „шокантни, неоправдани и неприфатливи“, рече Милер. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан