• сабота, 28 декември 2024

Вашингтон: Секоја помисла дека САД и Израел се вмешани во напад во Иран е апсурдна

Вашингтон: Секоја помисла дека САД и Израел се вмешани во напад во Иран е апсурдна

Вашингтон, 3 јануари 2024 (МИА) - САД го оценија како „апсурдно“ секое навестување дека САД или Израел биле вмешани во нападот извршен денеска во Иран во близина на гробот на иранскиот генерал Касем Сулејмани и дадоа гаранции дека ниту една земја „нема интерес да ескалира“ ситуацијата во регионот. .

„САД не се вклучени на кој било начин. Секое тврдење за спротивното е апсурдно“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Тој додаде дека САД „немаат причина да веруваат дека Израел бил вклучен во таа експлозија“ и изрази жалење за загинатите цивили.

Милер не прецизираше на кого се мисли кога го кажа тоа, само рече дека видел „обвиненија кои кружат“ и рече дека нема „независни“ информации за нападот во Иран.

Најмалку 103 лица загинаа денеска, а повеќе од 141 се ранети во две експлозии во Керман  во денот кога се одбележува четвртата годишнина од неговото убиство. зш/

Остани поврзан