• среда, 27 ноември 2024

„Вашингтон пост“: Трамп во 2023 година на судења потрошил 40 милиони долари од фондот „Политичка акција“

„Вашингтон пост“: Трамп во 2023 година на судења потрошил 40 милиони долари од фондот „Политичка акција“

Вашингтон, 31 јули 2023 (МИА)  – Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека се очекува поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска да го извести својот комитет за политичка акција (PAC) дека во првата половина од годината потрошил околу 40 милиони долари за трошоците за правните постапки против него и неговите советници. 

Весникот  „Њујорк тајмс“ одделно објави дека PAC бара повраток на 60 милиони долари што и ги позајмил на друга организација што го поддржува Трамп, главниот републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година, пренесуваат британските медиуми. 

Цитирајќи инсајдери „Вашингтон пост“ објави дека издатоците на PAC за правните трошоци ги поттикнале обвинителите да ја преиспитаат можноста за потенцијален конфликт на интереси меѓу Трамп и сведоците во постапката против него. 

Се очекува дека оваа организација на Трамп во денешниот поднесок да открие како се потрошени 40,2 милиони долари за правни трошоци, јави „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе кои се согласиле да зборуваат под услов да останат анонимни. 

Трамп се соочува со десетици федерални обвиненија во Флорида за чување доверливи владини документи во неговиот дом, но и со обвиненија во Њујорк, по истрагата за тајни плаќања и поткуп на порно ѕвездата Сторми Даниелс. сд/

Остани поврзан