• вторник, 24 декември 2024

Вашингтон пост: САД дозволуваат Украина да соборува ракети или ловци над територијата на Русија со помош на американско оружје

Вашингтон пост: САД дозволуваат Украина да соборува ракети или ловци над територијата на Русија со помош на американско оружје

Вашингтон, 30 мај 2024 (МИА) - САД не ја ограничуваат Украина да употребува американски противвоздушни орудија за соборување ракети или ловци над територијата на Русија ако тие претставуваат закана за Украина, соопшти синоќа „Вашингтон пост“, цитирајќи службено лице во администрацијата на Бајден.

Сепак, како што укажуваат извори за весникот, Белата куќа е загрижена поради ударите што Украина ги прави по руските радарски станици од системот за предупредување од напади со нуклеарни ракети. Во Вашингтон се плашат дека таквите напади „можат да придонесет кон дестабилизација на стратешкиот паритет меѓу САД и Русија“. Таквите радиолокациски станции не се вклучени во војната со Украина и не се дел од „чувствителните објекти“.

-На сите треба да им биде јасно дека САД немаат никаква намера да користат нуклеарно оружје против Русија. Но, безусловно, постои загриженост околу тоа како Русија може да го протолкува тоа што нејзините моќности за задржување стануваат цел, а системите за рано предупредување се подложни на напади, изјави службеникот.

Вкупно 11 земји, меѓу кои Германија и Франција,  веќе дозволија оружјето што е снабдено од нив Украина да го употребува на територијата на Русија. кб/

Остани поврзан