• среда, 18 декември 2024

Вашингтон Пост: Русија регрутира шпиони во Полска за да ги саботира западните пратки на оружје

Вашингтон Пост: Русија регрутира шпиони во Полска за да ги саботира западните пратки на оружје

Вашингтон, 18 август 2023 (МИА) - Руските разузнавачки служби создале мрежа на аматери за операции кои вклучуваат саботажи во Полска, пишува американскиот весник Вашингтон Пост.

Изданието забележува дека на почетокот на оваа година на голем број полски веб-страници почнале да се појавуваат „мистериозни огласи за работа“, чии задачи вклучувале делење на промотивни материјали или лепење плакати на јавни места. Понудената плата била „мизерна“.

Кандидатите за оваа позиција набрзо дознале дека постои „финта“: слободните работни места вклучуваат ширење проруска пропаганда во име на анонимен работодавач. За оние кои сепак се согласиле на задачата, работата доби полош пресврт, пишува весникот.

Според полските истражители, во текот на неколку недели на „регрутите“ им било наложено да ги извидуваат полските пристаништа, да инсталираат камери на железничките линии и да кријат уреди за следење во воените резерви.

Во март, платениците добиле вџашувачки наредби да предизвикаат излетување на возовите натоварени со оружје што одат кон Украина.

Полските власти сега веруваат дека мистериозниот работодавач е всушност московското воено разузнавање (ГРУ) и дека осуетената операција претставува најсериозна руска закана за територијата на НАТО од почетокот на војната во Украина минатата година.

Целта на Русија беше да го прекине синџирот на снабдување со оружје преку Полска, која обезбедува повеќе од 80 отсто од воената опрема што тече во Украина - огромен проток што го промени текот на војната и кој Русија изгледаше беспомошна да го прекине, велат соговорниците на изданието. ссм/

Остани поврзан