• сабота, 23 ноември 2024

Вашингтон Пост: Израел во Либан користел забранета муниција од бел фосфор

Вашингтон Пост: Израел во Либан користел забранета муниција од бел фосфор

Вашингтон, 11 декември 2023 (МИА) - Анализата на „Вашингтон пост“ покажа дека Израел користел муниција од бел фосфор купена од САД во нападот во октомври во јужен Либан, кога девет цивили беа ранети во населбата Дејра.

Новинар кој работи за тој американски весник пронашол остатоци од три артилериски гранати од 155 милиметри кои изгореле четири куќи во таа либанска населба во близина на границата со Израел.

Чадот од запалива муниција од бел фосфор се користи за прикривање на движењата на војската. Сепак, зрната од овој вид фосфор може да предизвикаат потенцијално фатални изгореници и оштетување на белите дробови, а употребата на таква муниција е забранета со меѓународното хуманитарно право во цивилни области, наведува американскиот весник.

Од деветмината ранети во израелскиот напад на либанската населба, најмалку тројца се хоспитализирани.

Фотографиите и видеата потврдени од Амнести Интернешнал и прегледани од Вашингтон пост покажуваат карактеристични ленти од бел фосфорен чад што паѓаат на Деира на 16 октомври.

Ознаките на остатоците од граната одговараат на номенклатурата што американската армија ја користи за домашно произведена муниција, а светло зелената боја и другите ознаки на остатоците од една граната одговараат на муниција од бела фосфорна муниција, велат воените експерти.

Прекуграничните судири на јужната граница на Либан се секојдневни од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.

Во фокусот на конфликтот е населбата Дејра со околу 2.000 луѓе, бидејќи проиранскиот либански Хезболах оттаму ги напаѓа израелските воени пунктови.

Во Либан до 5 декември загинаа 94 лица, од кои 82 членови на Хезболах, а во Израел 11 лица, главно војници. паг/

Фото: МИА архива



 

 

 

Остани поврзан