• среда, 25 декември 2024

Вашингтон пост: Висок украински офицер одигра голема улога во нападот на Северен тек

Вашингтон пост: Висок украински офицер одигра голема улога во нападот на Северен тек

Вашингтон, 12 ноември 2023 (МИА) - Висок украински воен офицер со врски со украинските разузнавачки служби одигра централна улога во уништувањето на рускиот гасовод Северен тек минатата година, објави денеска весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани европски претставници.

Американскиот весник наведува дека улогата на 48-годишниот полковник Роман Червински ги обезбедува најдиректните докази до сега кои го поврзуваат военото и безбедносното раководство на Украина со чинот на саботажа што поттикна серија кривични истраги.

Червински наводно бил „координатор на операцијата „Северен тек“, изјавија неименувани извори за „Вашингтон пост“, додавајќи дека тој раководел со логистиката и поддршката за тимот од шест лица.

Според весникот, тимот со негова поддршка изнајмил пловен објект под лажен идентитет и употребил опрема за поставување експлозивни направи.

Три експлозии се случија на 26 септември 2022 година, што резултираше со истекување и пукнатини на гасоводите Северен тек 1 и 2, кои ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море. ссм/

фото: архива

Остани поврзан