• четврток, 26 декември 2024

Вашингтон пост: Бајден ја укина забраната за употреба на американско оружје од украинскиот полк Азов

Вашингтон пост: Бајден ја укина забраната за употреба на американско оружје од украинскиот полк Азов

Вашингтон, 11 јуни 2024 (МИА) - Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ја укине забраната на контроверзна украинска воена единица да користи американско оружје, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на претставници на Стејт департментот.

Стејт департментот ја укина десетгодишната забрана за полкот Азов да користи американска обука и оружје, откако по анализа не откри докази за кршење на човековите права од страна на единицата, објави весникот. 

Актот Лихи забранува давање американска воена помош за странски воени единици за кои е утврдено дека извршиле кршење на човековите права. Азовскиот полк, кој има екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е дел од Украинската национална гарда и потекнува од баталјон формиран во 2014 година за борба против сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Полкот во Украина е пофален како бранител на земјата од руската инвазија, а особено на јужниот град Мариупол, но во Руската Федерација го третираат како терористичка организација и неговите активности се забранети. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан