• среда, 25 декември 2024

„Вашингтон пост“: Бајден дозволи на Украина да и се испорачаат касетни бомби од резервите на Пентагон

„Вашингтон пост“: Бајден дозволи на Украина да и се испорачаат касетни бомби од резервите на Пентагон

Вашингтон, 7 јули 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден го одобри испраќањето американска касетна муниција во Украина, а повлекувањето на оружјето од залихите на американското Министерство за одбрана треба да почне денеска.

Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека со овој потег ќе се заобиколи амриканскиот закон што забранува производство, употреба или пренос на касетна муниција со стапка на неуспех поголема од еден процент.

Ова оружје, што првпат беше употребено за време на Втората светска војна, обично фрла голем број мали бомби и е познато по тоа што убива цивили.

Касетната муниција, исто така, е забранета со поголемиот дел од светската Конвенција за касетна муниција од 2008 година, која САД, Русија и Украина не ја потпишаа.

Во текот на последната година драстично се смени ставот на администрацијата на Бајден за обезбедувањето на Украина со касетна муниција. Во декември, портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека САД се загрижени поради испраќањето на контроверзното оружје, што е забрането во повеќе од 100 земји бидејќи неексплодираните убојни средства на крајот можат убијат цивили. сд/

фото:Архива

Остани поврзан