• недела, 24 ноември 2024

Вашингтон одобри продажба на оклопни возила на Романија за 2,53 милијарди долари

Вашингтон одобри продажба на оклопни возила на Романија за 2,53 милијарди долари

Вашингтон, 10 ноември 2023 (МИА) – САД синоќа одобрија продажба на оклопни возила на Романија за 2,53 милијарди долари, објави официјалната агенција на Пентагон.

Романија е сојузник на НАТО и сосед на Украина, која е во војна.

-Овој договор ќе ги поддржи целите на националната надворешна и безбедносна политика на САД со тоа што ќе овозможи подобрување на безбедноста на земја сојузник на НАТО, се вели во соопштението на Агенцијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста (ДСКА), во задолжен за продажба на оружје во странство.

Во соопштението се додава дека оваа испорака ќе го подобри капацитетот на Романија да се „соочи со сегашните и идните закани“ со обезбедување на веродостојни сили способни да ги одвратат противниците и да учествуваат во НАТО.

Романија граничи со Украина, која се бори против руската инвазија од февруари 2022 година. Оттогаш, САД ги забрзаа своите програми за помош и испорака на оружје за Киев и земјите на НАТО.

Американскиот Стејт департмент ја одобри продажбата на Романија и како што налага законот, агенцијата официјално го извести Конгресот. Конгресот треба да го ратификува договорот за продажба. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан