• сабота, 23 ноември 2024

Вашингтон и Москва го осудија терористичкиот напад во Источен Ерусалим

Вашингтон и Москва го осудија терористичкиот напад во Источен Ерусалим

Вашингтон, 27 јануари 2023 (МИА) - САД го осудуваат терористичкиот напад на синагога во Израел, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Тој додаде дека високи американски претставници се во контакт со нивните израелски колеги и дека не очекува никакви промени во планираната посета на Ентони Блинкен на Израел следната недела.

Заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација (Горниот дом на парламентот), Константин Косачев ја изрази поддршката на неговата земја за израелскиот народ и го нарече денешниот напад „особено циничен и неприфатлив на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот“, пренесе ТАСС.

Прес-центарот на израелската полиција на Твитер објави дека вечерва бил отворен оган врз синагога во источен Ерусалим, во која според првичните информации загинале осум лица, а 10 се повредени. Нападот се третира како терористички акт.

Напаѓачот е елиминиран. Тој бил активен член на радикалната група „Бригадите на мачениците на Ал Акса“, јави ТАСС, повикувајќи се на „Једиот Ахронот“.

 

Остани поврзан