• петок, 20 декември 2024

Вашингтон забранува влез на странци кои биле во Кина во изминатите две недели

Вашингтон забранува влез на странци кои биле во Кина во изминатите две недели
Вашингтон, 31 јануари 2020 (МИА) - САД најавија неколку итни мерки за спречување на ширење на новиот коронавирус, вклучително и забрана за влез на странци кои престојувале во Кина во изминатите 14 дена. Од недела во 23 часот по средноевропско време, властите забрануваат влез на територијата за лица кои не се американски државјани,а кои биле во Кина во изминатите 14 денови. - Карантин ќе им се воведе на американските граѓани ако биле во провинцијата Хубеи во последните 14 дена, објави секретарот за здравство Алекс Азар на прес-конференција во Белата куќа. Од Американците кои се враќаат од друга провинција во Кина, освен Хубеи, ќе биде побарано да бидат во „самонаметнат карантин“, со надзор. - Тоа се превентивни мерки. Постои мал ризик во САД, рече Азар. Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести Роберт Редфилд изјави дека има шест потврдени случаи на коронавирус во САД, а 191 лица се под лекарски надзор поради симптоми на тој вирус. зш/ https://www.youtube.com/watch?v=XKTT5UZOY00

Остани поврзан