• вторник, 24 декември 2024

Вашингтон договара испорака на ловците Ф-16 за Турција  

Вашингтон договара испорака на ловците Ф-16 за Турција  

Вашингтон, 11 јули 2023 (МИА) - Вашингтон ќе испорача на Турција ловци Ф-16 по консултации со Конгресот, изјави денеска Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа, јавија дел од американските медиуми. 

Изјавата доаѓа еден ден откако Анкара даде зелено светло за влезот на Шведска во НАТО. 

Турција, која беше главен камен за сопнување на патот на Шведска во Алијансата, во октомври 2021 година побара да ѝ бидат продадени ловците Ф-16 произведени од Lokheed Martin за 20 милијарди долари и околу 80 комплети за модернизација на нејзините воени авиони. 

 -Претседателот (Џо Бајден) не постави никакви услови по овој повод... Тој има намера да го движи процесот со снабдувањето напред, изјави Саливан во Вилнус, без да каже детали кога тоа би можело да се оствари. 

Истакна дека Белата куќа има намера да се изнајде договор со Конгресот по ова прашање.  

Боб Менендес, демократ и претседател на сенатската Комисија за надворешни работи, кој ја блокираше испораката на ловците за Турција, синоќа изјави дека води разговори со администрацијата на Бајден за своите забелешки околу ова и може да донесе одлука „во текот на идната недела“, алудирајќи дека блокадата за испораката на авионите на Турција може да биде симната. кб/мс/

Остани поврзан