• сабота, 23 ноември 2024

Ватикан на руската Влада и изразил загриженост поради војната во Украина

Ватикан на руската Влада и изразил загриженост поради војната во Украина
Рим, 9 март 2022 (МИА) – Државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин вчера телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Паролин ја изразил длабоката загриженост на папата Франциск за војната во Украина и потсетил на повикот на папата во неделата да се запрат нападите и да се гарантираат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека двете страни изразиле надеж оти наскоро ќе се одржи нова рунда разговори меѓу Москва и Киев за да се решат клучните прашања и да се стави крај на борбите, пренесе Интерфакс. Посебно внимание било посветено на хуманитарните прашања како што се заштитата на цивилите и хуманитарните коридори за бегалците, соопштило Министерството. јт/

Остани поврзан