• среда, 25 декември 2024

Ватикан го повикува Иран на воздржаност поради „сериозна загриженост“ за состојбата на Блискиот Исток

Ватикан го повикува Иран на воздржаност поради „сериозна загриженост“ за состојбата на Блискиот Исток

Рим, 12 август 2024 (МИА) - Ватикан го повика Иран да покаже воздржаност во контекст на заканата од ескалација на Блискиот Исток, јави ДПА.

Во телефонски разговор со новиот ирански претседател Масуд Пезешкиан, државниот секретар на Ватикан, кардинал Пиетро Паролин, изразил „сериозни грижи за случувањата на Блискиот Исток“, се вели во изјавата на Светиот Престол.

За време на разговорот, највисокиот дипломат на Ватикан ја повторил потребата од избегнување ескалација на конфликтот и фокусирање на дијалог, преговори и мир.

Стравовите од голема регионална војна се зголемија по убиствата на две водечки фигури – едната од палестинската групација „Хамас“, а другата од поддржуваната од Иран либанска организација „Хезболах“.

Иран и „Хезболах“ најавија масивни одмазднички удари против Израел како одговор на убиствата. Израелските вооружени сили се во состојба на зголемена готовност веќе неколку дена.

САД, кои се најблискиот сојузник на Израел, испратија дополнителни воени бродови и борбени авиони во регионот, дополнително зајакнувајќи го своето тамошно присуство. ссм/

фото: архива

Остани поврзан