• среда, 25 декември 2024

Ватикан ги заостри рестриктивните мерки, се однесуваат и на Систинската капела

Ватикан ги заостри рестриктивните мерки, се однесуваат и на Систинската капела
Ватикан, 12 јануари 2022 (МИА) - Ватикан денеска ги прошири своите рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот и отсега тие се однесуваат и на Систинската капела.
„Секој што сака да го посети тој дел од ватиканската палата, познат по фреските на Микеланџело, ќе мора да приложи доказ за вакцинација или прележаност на Ковид-19“, соопшти Светата столица.
Ова правило беше воведено на 10 јануари во ватиканските музеи, градините и во летната папска резиденција Кастел Гандолфо.
„Вработените во Ватикан сега мора да носат заштитни маски ФФП2“, се вели во соопштението.
Ватикан ги заснова своите ограничувања на правилата воведени од италијанската Влада. паг/

Остани поврзан