• недела, 24 ноември 2024

Ватиканските музеи, по 88 дена, се отвораат од понеделник

Ватиканските музеи, по 88 дена, се отвораат од понеделник
Ватикан, 30 јануари (МИА) - Музеите на Ватикан, вклучително и Сикстинската капела, ќе бидат повторно отворени за посетители во понеделник, откако беа затворени 88 дена, најдолго од Втората светска војна, поради пандемијата на коронавирусот. Посетите ќе бидат дозволени сите денови, освен во недела, но билетите треба да се резервираат однапред, а турнејата ќе биде со ограничено време, пренесува „Гардијан“. Во периодот додека беа затворени, во музеите имаше реновирање, вклучително и чистење на фрескоживописот од 5. век во Сикстинската капела, која вообичаено прима шест милиони посетители годишно. Римскиот Колосеум и Форумот исто така ќе бидат отворени во понеделник, но нема да работат за време на викендите. паг/

Остани поврзан