• недела, 24 ноември 2024

Васоски ја напушти клупата на Вардар

Васоски ја напушти клупата на Вардар

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) – Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе ја продолжи битката за опстанок во прволигашкото друштво со нов тренер, откако досегашниот стратег Александар Васоски објави денеска дека се повлекува од должноста, една недела по одигрувањето на последното коло во есенската полусезона.

Како причина за заминувањето од Вардар во кој мина голем дел од својата кариера и како фудбалер, Васоски ја наведе тешката финансиска состојба која со години го обременува 11-кратниот македонски шампион.

-Ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри. Меѓутоа, очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам сè најдобро во иднина, објави Васоски, упатувајќи притоа „огромна благодарност до в.д раководството од Комитите, кои одвојувајќи и свои средства помагаа во функционирање на клубот.

Вардар ја заврши есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига на последното место со 17 бодови, три помалку од зоната која носи опстанок во елитната конкуренција каде „црвено – црните“ се вратија сезонава по пауза од две години. ег/сх/ 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан