• среда, 13 ноември 2024

Василев: Петков од Продолжуваме со промената ќе биде кандидат за премиер на Бугарија

Василев: Петков од Продолжуваме со промената ќе биде кандидат за премиер на Бугарија
Софија, 12 ноември 2021 (МИА) - Кирил Петков ќе биде предложен од Продолжуваме со промената за премиер на Бугарија, изјави Асен Василев за ТВ Нова њуз. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев се гледа себеси како иден министер за финансии на земјата. Една од првите задачи што Продолжуваме со промената ќе ја преземе доколку победи на парламентарните избори на 14 ноември во Бугарија ќе биде преразгледување на Антикорупциската комисија и Обвинителството. Продолжуваме со промената е отворено за разговор по изборите со Да, Бугарија и Исправи се БГ! Василев наведе дека неговата партија се разликува  во економските политики. - Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија во текот на претседателските избори поддржа двајца различни претседателски кандидати со што се покажаа нивните разлики, истакна Василев и додаде дека луѓето што ги поддржуваат имаат поинаква визија од оние што ја поддржуваат Демократска Бугарија. Според сите социолошки истражувања во Бугарија, за време на кампањата Продолжуваме со промената  е на второ место, но социолозите предупредуваат дека има многу сериозен потенцијал за тоа, што може да дозволи да достигне осум проценти  разлика со првиот ГЕРБ. - Сила на УДФ. нк/ми/

Остани поврзан