• петок, 27 декември 2024

Вархеји: Сребреница е најтрагичен настан во Европа од Втората светска војна

Вархеји: Сребреница е најтрагичен настан во Европа од Втората светска војна
Брисел, 7 јули 2020 (МИА) - Европска Комисија по повод одбележувањето на 25 години од злосторството во Сребреница организира дигитална конференција посветена на сеќавање, помирување и изградба на заедничка иднина на Западен Балкан. Еврокомесарот за проширување на Европска Унија, Оливер Вархеји на отворањето на виртуелната конференција оцени дека Сребреница е најтрагичен настан во Европа од Втората светска војна. Тој настан продолжува да не прогонува и да не потсетува на заедничката одговорност за да спречиме никогаш повеќе да не се случи геноцид, посочи Вархеи. Вархеји повика на одговорност и задоволување на правдата, истакнувајќи оти сите одговорни за масакрот мора да се соочат со последиците од нивните дела. По 25 години поважно од кога биле е да ставиме крај на неказнивоста на сторителите на воени злосторства, наведе Вархеи. Еврокомесарот посочи и дека сите обиди за прекројување на историјата се неприфатливи, а политичките лидери имаат одговорност да поттикнуваат помирување, а не националистички наративи кои ги продлабочуваат недовербата, го зголемуваат стравот и омразата. Правото на живот и почитување на човековото достоинство, слобода, демократија и еднаквост се во центарот на ангажирањето на целиот Западен Балкан на патот кон ЕУ, истакна Вархеји. Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година припадници на војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија околу 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години. ми/

Остани поврзан