• сабота, 23 ноември 2024

Вархеји: Сè помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

Вархеји: Сè помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ
Брисел, 2 ноември 2020 (МИА) - Сè помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Според него, шанисте се мали, иако Европската комисија и германското претседателство со ЕУ сè уште работат со земјите членки во обид да се најде решение за старт на преговорите со Скопје и Тирана. - Сè уште се надевам, но за жал сè помалку е извесно дека оваа година ќе можеме да ги усвоиме преговарачките рамки, рече Вархеји на дебатата во Европскиот парламент по повод 25 години од Дејтонскиот договор. Вархеји оцени дека регионот бележи напредок, но оти има уште многу да се сработи на внатрешните реформи, регионалната соработка и зајакнување на економиите. Еврокомесарот за проширување порача дека регионалната соработка и добрососедските односи се клучни за напредок кон ЕУ. са/

Остани поврзан