• сабота, 23 ноември 2024

Вархеји разговарал со Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19

Вархеји разговарал со Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19
Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) - Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вечерва телефонски разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Теми, како што објави Вархеји на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во земјава и за состојбата со Ковид 19. - Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да ја нагласиме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување, напиша Вархеји на Твитер. Освен објаваниот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.са/с  

Остани поврзан