• четврток, 26 декември 2024

Вархеји побара од албанскиот Парламент да го почека мислењето на Венецијанската комисија за изменетиот изборен законик

Вархеји побара од албанскиот Парламент да го почека мислењето на Венецијанската комисија за изменетиот изборен законик
Тирана, 26 октомври 2020 (МИА) – Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји побара од албанскиот Парламент да го почека мислењето на Венецијанската комисија околу изменетиот изборен законик без постигнат консензус. Мислење околу ова прашање од комисијата побара претседателот Илир Мета, откако во петокот потпиша уредба со која законот го врати на повторно разгледување. Вархеји на „Твитер“ напиша дека Венецијанската комисија ќе им даде навремени совети на партиите во врска со Кодексот и оти Парламентот треба да ги земе предвид при повторното разгледување. -Верувам дека Венецијанската комисија ќе им обезбеди брз совет на албанските заинтересирани страни за спроведувањето на уставните измени на 30 јули. Парламентот треба да почека, да го разгледа овој совет и потоа да го стави на преразгледување на законот. Чекаме слободни и фер избори во април 2021 година, пишува Вархеји. Иста порака до премерот Еди Рама упатил и европратеникот и известувач за Албанија во ЕП, Давид Лега. -Се согласувам со еврокомесарот Вархеји. Чекањето на мислењето од Венецијанската комисија би бил демократски пристап од албанскиот Парламент и Владата, напиша Лега на Твитер. Премиерот Еди Рама денеска претпладне изјави дека Изборниот законик, без никакви измени ќе биде изгласан на следната седница на Парламентот, додавајќи дека „никој не може да ја доведе во прашање волјата на Парламентот, најмалку Мета“. вт/

Остани поврзан