• сабота, 23 ноември 2024

Вархеји: Не очекувам промена на Преговарчката рамка за Северна Македонија, критериумите за членство се јасни

Вархеји: Не очекувам промена на Преговарчката рамка за Северна Македонија, критериумите за членство се јасни

Скопје, 8 април 2024 (МИА) – Критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ се многу јасни. Не очекувам никаква промена на Преговарачката рамка и не сметам дека државите-членки сакаат да ги преразгледаат условите за пристапување, вели во интервју за БГНЕС еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

На прашање на агенцијата дека во изминатите месеци некои македонски политичари тврдат дека може да има измени во Преговарачката рамка и дали има можности за промена на условите, што Северна Македонија треба да ги исполни, Вархеји рече дека критериумите за членство се јасни.

-Критериумите се многу јасни од 2022 година наваму, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие треба да бидат исполнети и во таа смисла не очекувам никаква промена. Не сметам дека државите-членки ќе ги преразгледаат условите. Јасно е дека тие треба да бидат исполнети, рече Вархеји.

Еврокомесарот изрази надеж дека веднаш по изборите новата Влада на Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и оти земјава ќе продолжи напред со исполнување на критериумите.

Во однос на Србија, Вархеји кажа дека критериумите за Србија исто така се многу јасни.

-Добрососедските односи се дел од условите за пристапување во ЕУ за секоја од земјите-кандидатки. Србија има напредок на својот пат кон ЕУ. Ако погледнете кон Кластер 3, тој е подготвен да биде отворен. Исто така е јасно дека имплементирањето на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ за руската агресија врз Украина, се претвори во уште поважна тема за кандидатите. Сега државите-членки на ЕУ гледаат уште повнимателно на нејзиното имплементирање, додаде Вархеји. нд/aa/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан