• петок, 20 декември 2024

Вархеји, Ескобар  и Донфрид од Тирана: Неоправданата агресија врз Украина ја направи интеграцијата уште поитна 

Вархеји, Ескобар  и Донфрид од Тирана: Неоправданата агресија врз Украина ја направи интеграцијата уште поитна 

Тирана, 28 април 2022 (МИА) - Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид,  вечерва пристигна во Тирана, каде што ја одржа својата прва средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји и американската  амбасадорка Јури Ким.  

Информацијата ја соопшти американската амбасада преку објава на Твитер, каде стои дека се сретнале за да разговараат за заедничкиот приоритет за интеграција на сите земји од Западен Балкан во ЕУ.  

Помошникот секретар Донфрид ја потврди силната поддршка на Соединетите Држави за членството на Албанија во Европската унија и рече дека Соединетите држави остануваат посветени на соработката со албанските и партнерите од ЕУ за да обезбедат реформи во правосудството во Албанија и успешен пат кон Унијата. 

„Помошникот државниот секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид и заменик-помошникот државен секретар и специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар пристигнаа во Албанија и се сретнаа со европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји. Тие се согласија дека руската неоправдана окупација на Украина ја направи интеграцијата уште поитна. Разговараа за заедничкиот приоритет на интеграцијата на Албанија и Северна Македонија во Европската унија, при што помошникот секретар Донфрид ја потврди силната поддршка на САД за членството на Албанија во Европската унија и рече дека САД остануваат посветени на работата со албанските партнери и со ЕУ да обезбеди реформи во правосудството во Албанија и успешен пат кон Европската унија“. 

 За време на нејзината официјална посета, таа утре се очекува да се сретне премиерот Еди Рама и со вршителот на должноста претседател на опозициската Демократска партија Енкелејд Алибеај,  потпретседателката, Јорида Табаку, и партискиот генерален секретар Газмент Барди. вт/ 

Остани поврзан