• вторник, 24 декември 2024

„Вардар 1961“ со гостински пораз од „Татран“ ја отвори сезоната во СЕХА лигата

„Вардар 1961“ со гостински пораз од „Татран“ ја отвори сезоната во СЕХА лигата

Прешов, 28 јануари 2023 (МИА) – Ракометарите на „Вардар 1961“ загубија вечерва на гостувањето во Прешов од словачки „Татран“ со 27-23 во воведниот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата.

Македонскиот шампион добро го почна натпреварот и во два наврати имаше предност од три голови разлика (6-3, 7-4).

Кон средина на првиот дел, уследи пад во играта на „црвено – црните“ што домаќините го искористија и со серија од 5-0 го вратија водството и заминаа на полувреме со предност од 14-11.

Предноста на Татран Прешов достигна највисоки плус голови (22-17) на што Вардар врати со серија од 4-0, но словачкиот тим беше поумешен во завршницата и триумфираше во воведниот натпревар од групата Б.

Во второто коло Вардар, в среда во салата „Јане Сандански“ од 18 часот, го пречекува белградски Партизан. ег/бак/

Остани поврзан