• сабота, 23 ноември 2024

Вардар 1961 по рекорден 14. пат македонски ракометен првак

Вардар 1961 по рекорден 14. пат македонски ракометен првак
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) – Екипата на Вардар 1961 ја одбрани титулата во македонското ракометно првенство совладувајќи го вечерва скопскиот ривал Металург со 39 : 27 во последниот натпревар сезонава во Суперлигата. За Вардар 1961 ова е вкупно 14. титула во клупската историја и шеста едноподруго во македонскиот ракомет. Сезоната 2020/21 ракометарите на Вардар ја комплетираа со двојна круна, триумфирајќи претходно и во Македонскиот куп. Во преостанатите натпревари од завршното коло во плејофот, Еурофарм Пелистер го декласираше Охрид со 30:14, Бутел минимално го совлада Еурофам Пелистер 2 со 29:28, додека Тинекс Пролет славеше гостинска победа над Струга со 30:23. ег/см/  

Остани поврзан