• среда, 25 декември 2024

Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа

Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа

 

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) – Ракометарите на Вардар 1961 загубија вечерва во Скопје од Порто со 22-26 и со вториот пораз во третиот натпревар во групата Ф значително ги намалија шансите за пласман во втората фаза во Лига Европа.

Вардар имаше рано водство од 3-2 кога му дозволи на португалскиот тим да влезе во серијата од 4-0, но сепак, до крајот на полувремето ја врати предноста и замина на пауза со водство од 12-10.

Нападот на македонскиот тим не функционираше во второто полувреме, а одбраната тешко се снаоѓаше со формацијата „7 на 6“ на Порто, што резултираше со водство на португалскиот тим од 20-17 во 49 минута, а Вардар 1961 немаше сили до крајот да го избегне поразот, прв во салата „Јане Сандански“ по повеќе од една година.

Родригез со четири голови беше најефикасен во редовите на „црвено – црните“.

Реваншот во Порто на програмата е на 29 октомври.

По третото коло во групата Ф, Вардар е на третото место со два бода, еден помалку од второпласираниот Порто. Германски Мелсунген е лидер со максимални шест босови, а исландски Валур на последното место без освоен бод. ег

ФОТО: РК Вардар 1961/Фејсбук

Остани поврзан