• среда, 18 декември 2024

Вардар 1961 му се приклучи на Еурофарм Пелистер на Ф4 во СЕХА Лигата

Вардар 1961 му се приклучи на Еурофарм Пелистер на Ф4 во СЕХА Лигата

Нови Сад, 11 април 2023 (МИА) - Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа на фајналфор турнирот во регионалната СЕХА Лига, откако попладнево триумфираа и на реваншот против Војводина во Нови Сад со 32-26.

Македонскиот првак дојде до втората победа во четвртфиналната пресметка со шампионат на Србија со пресврт, откако Војводина на полувреме замина со предност од 15-11.

На првиот натпревар во Скопје ракометарите на петкратниот освојувач на СЕХА Лигата триумфираа над Војводина со 35-28.

Пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата ден претходно обезбеди и вториот македонски претставник Еурофарм Пелистер, кој беше поуспешен во двете четвртфинални дуели со словачки Татран Прешов.

Битолскиот состав на првиот натпревар пред своите гледачи славеше со убедливи 37-29, а вчера на реваншот беа уште поубедливи и триумфираа со 36-26. ег/сп/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан