• недела, 01 септември 2024

Вардар ја прекина серијата порази во ЛШ, Њокас го истакна придонесот на тренерот Дејвис

Вардар ја прекина серијата порази во ЛШ, Њокас го истакна придонесот на тренерот Дејвис
Монпелје, 16 февруари 2022 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва забележа победа на гостувањето во Франција кај Монпелје со 28:25. „Црвено-црните“ ја прекинаа серијата од осум натпревари без триумф и седум порази по ред. Францускиот интернационалец Оливие Њокас со пет голови е еден од најзаслужните за триумфот на Вардар. Тој го потенцира придонесот на тренерот Давид Дејвис кој е повратник во редовите на македонскиот шампион. - Ова е одличен резултат. Секогаш е добро да се дојде и да се победи во Франција. Имавме многу разочарувачки почеток на сезоната, што воопшто не одговараше на нашите очекувања, но откако дојде Давид [Дејвис] му даде задача на секој играч и ние го направивме она што тој го побара од нас. Ова е еден добар резултат, но сега мора да продолжиме да победуваме, истакна Њокас. Вардар со седум бодови од 11 натпревари се наоѓа на 6. место во А-групата од елитното ракометно натпреварување. зс/

Остани поврзан