• сабота, 27 јули 2024

Вардар со два порази од Веспрем елиминиран од Лигата на шампиони 

Вардар со два порази од Веспрем елиминиран од Лигата на шампиони 
Веспрем, 8 април 2021 (МИА) – Ракометарите на Вардар 1961 го завршија настапот сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва вторпат за една недела беа поразени во осминафиналната пресметка против Веспрем со 39:30 (20:15). Унгарскиот тим рутински ја комплетираше задачата по минатонеделниот убедлив триумф во Скопје од 41:27 не дозволувајќи му на актуелниот македонски првак ниту најмала шанса за евентуална сензација.  Ракометарите на Веспрем за противник во четвртфиналето ќе го имаат француски Нант во чиј редови настапува македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров. ег/мд/

Остани поврзан