Вардар против Татран ќе брка победа со пет голови разлика
- Македонскиот ракометен шампион Вардар за два дена го очекува натпревар со Татран Прешов во СЕХА-лигата.
Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Вардар за два дена го очекува натпревар со Татран Прешов во СЕХА-лигата.
На минатонеделното гостување во Словачка, „црвено-црните“ загубија со 27:23, па во возвратнио дуел посакуваат победа со пет голови разлика.
Тренерот на Вардар, Владо Недановски
- На гостувањето кај Татран добро почнавме, но уморто и невоиграноста си го сторија своето. одигравме добро, имавме и водство, но потоа дојде до пад во играта. За претстојниот натпревар добро се подготвуваме. Ја анализираме играта на противникот. Ќе одиме на победа, по можност да биде изразена со повеќе од четири голови разлика. Имаме повредени, но ќе направиме се да ги освоиме бодовите.
Натпреварот ќе се игра в пето со почеток во 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. зс/