• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вардар преку Силекс до полуфиналето на Куп на Македонија

Вардар преку Силекс до полуфиналето на Куп на Македонија

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Фудбалскиот клуб Вардар обезбеди место во полуфиналето на Купот на Македонија откако попладнево на арената „Тодор Проески“ оствари победа од 1:0 против кратовски Силекс.

Голот за победа го постигна Донгмо во 68.минута.

Актуелниот шампион на Македонија, Струга, како и Шкендија и АП Брера исто така изборија пласман во полуфиналето во Купот.

Резултати од четвртфиналето на Купот на Македонија:

Брера Струмица - Арсими 4:3 (1:1)
Детонит Плачковица - Шкендија 0:1
Струга - Гостивар 1:0
Вардар - Силекс 1:0. дс

Фото: Архива

Остани поврзан