Вардар подобар од Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби
- Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победи актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 30:25 (полувреме 15:12).
Скопје, 17 септември 2023 (МИА) – Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победи актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 30:25 (полувреме 15:12).
Во текот на целото дерби, домаќините ја имаа контролата на резултатот и не им дозволија на битолчани да се понадеваат на позитивен исход.
Најдобри во победничкиот тим беа голманот Мартин Томовски со 14 одбрани, Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ беа најефикасни кај „црвено-црните“ со по шест гола.
Урош Борзаш исто така со шест погодоци се истакна во поразената екипа.
Вардар по две кола има шест бода во Б-групата од Супер машката лига. За Еурофарм Пелистер ова беше прв натпревар и прв пораз. зс/
Фото: МИА