• четврток, 26 декември 2024

Варга излезе од болница

Варга излезе од болница

Штутгарт, 26 јуни 2024 (МИА) - Унгарскиот фудбалски репрезентативец Барнабаш Варга е пуштен од болница и веќе се вратил во татковината, два дена по операцијата за повеќекратни скршеници на коските на лицето, кои ги заработи за време на натпреварот од Европското првенство во Германија, јавуваат денеска германските медиуми.

Унгарската фудбалска репрезентација групната фаза на Европското првенство ја заврши на третото место на табелата со три бода. Унгарските фудбалери се уште се во Германија, бидејќи го чекаат крајот на групната фаза од натпреварувањето за да дознаат дали се пласираа во осминафиналето на ЕП како една од четирите најдобри третопласирани селекции. 

Варга е член на Ференцварош, а денеска на социјалните мрежи клубот од Будимпешта објави фотографијата на Варга со натпис: „Барнабаш се врати дома“.

Варга се повреди пред три дена на натпреварот против Шкотска (1:0) во третото коло од групата А на ЕП. Во 69. минута унгарскиот напаѓач се судри со голманот на противничката екипа Ангус Ган.

Кога паднал Варга, неговата глава удрила во земјата, по што паднал во несвест. Му била укажана помош на теренот, а потоа унгарскиот фудбалер бил префрлен во болница во Штутгарт, каде подоцна бил опериран. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан