• недела, 24 ноември 2024

Варвициотис: Се обидуваме да олесниме во тргањето на бугарското вето, но европската перспектива на Северна Македонија не е неповратен тек

Варвициотис: Се обидуваме да олесниме во тргањето на бугарското вето, но европската перспектива на Северна Македонија не е неповратен тек
Атина, 1 февруари 2022 (МИА) - Се обидуваме да олесниме во отстранувањето на кои било тешкотии што постојат во моментов поради бугарското вето за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтијадис Варвициотис за време на Комисијата за европски прашања во грчкиот Парламент, но и паралелно посочи дека европската перспектива на земјава не е „неповратен тек“ и секаква евентуална промена на позицијата за Договорот од Преспа од наша, ќе значи и промена од грчка страна, јави дописничката на МИА од Атина. Варвициотис ја информираше Комисијата за последните случувања поврзани со европските прашања, а се здржа и на регионот, при што, уште еднаш ја изрази грчката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и ги повтори грчките позиции. - Ја поддржуваме европската перспектива на Албанија и Северна Македонија. Се обидуваме да олесниме во отстранувањето на кои било тешкотии што постојат поради бугарското вето во моментов за одржување на првата меѓувладина конференција. Но, потсетуваме, на секој можен начин, дека ова не е тек што е неповратен. Доколку, во случај нашите северни соседи решат да го променат нивниот став во врска со целосното спроведување на Договорот од Преспа, тогаш и Грција, соодветно ќе ја смени нејзината позиција, рече Варвициотис. Во тој контекст, одговарајќи на забелешката на пратеникот од СИРИЗА, Јанис Бурнус дека грчката Влада сè уште ги поднесено за ратификација трите меморандуми со Северна Македонија, алтернативниот шеф на грчката дипломатијата рече дека е правилна позицијата на Грција, објаснувајќи дека тоа е „едно од дипломатските оружја на земјата“. Тој објасни дека во разговорите со претходната наша Влада и во исчекување да разговара и со новата, не слушнал дека на земјава и „пречи нератификацијата на меморандумите“ и додаде дека напротив, тоа го слуша само од СИРИЗА. - Сметам дека, бидејќи е тешка политичката ситуација во Северна Македонија подобро е да бидеме внимателни, да бидеме предвидливи и да имаме на располагање што повеќе дипломатски оружја, објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција. За време на седницата на Комисијата, на европската перспектива на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, се осврна и пратеникот Јанис Бурнус од опозициската СИРИЗА. - Ние бараме што е можно поскоро да се одржи првата меѓувладина седница на Европската Унија со Албанија и Северна Македонија, што ќе го одреди нивниот интегративен процес. И овде, и на билатерално ниво, требаше да придонесеме, особено во случајот со Северна Македонија, но Владата ни меморандумите за соработка не ги носи за ратификација за со тоа да даде знак на остатокот од Европска Унија дека одиме напред, барем со Северна Македонија, рече Бурнус. Тој додаде дека во однос на регионот потребна е активна стратегија и забрзување на процесот на интеграција во ЕУ. ср/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан