• недела, 29 декември 2024

Варвициотис: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е доминантна цел во нашата надворешна политика

Варвициотис: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е доминантна цел во нашата надворешна политика
Атина, 23 јули 2021 (МИА) – Поддршка за проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан изрази алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис пред почетокот на состанокот на ЕУ министрите во Брдо крај Крањ, истакнувајќи дека тоа е доминантна цел во нивната надворешна политика, јави дописничката на МИА од Атина. -Западен Балкан и проширувањето на Унијата кон нив, за нас претставува доминантна цел во нашата надворешна политика. Веруваме дека извозот на демократија и развој на Балканот ќе донесе значителна промена во подобрувањето, не само на животите на милионите балканските народи, туку особено на безбедноста во нашето соседство, рече Варвициотис. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, говорејќи за безбедноста во соседството се осврна и на случувањата на Кипар и најавите за делумното укинување на воениот режим во Варош и истакна дека „овој потег ги поткопува сите напори на генералниот секретар на ОН за решение на кипарскиот проблем, го менува статусот во окупираниот дел на Кипар и покажува дека турската провокација не запира за промена на режимот во Кипар“. ср/сд/

Остани поврзан