• четврток, 26 декември 2024

Ван Дајк бил на чекор од потпис со Сити

Ван Дајк бил на чекор од потпис со Сити
Глазгов, 21 мај 2020 (МИА) - Поранешниот менаџер на Селтик, Рони Деила откри дека Вирџил ван Дајк бил на еден натпревар далеку од продолжување на кариерата во Манчестер Сити. Холандскиот интернационалец се етаблираше како најдобар дефанзивец од неговиот трансфер од Саутемптон во Ливерпул за 75 милиони фунти пред две и пол години. Кариерата на Ван Дајк можеше да биде различна откако Манчестер Сити упатил понуда за Ван Дaјк во 2014 година. - Дали бев во контакт со Сити? Да. Им реков дека треба да го земат. Тие ми одговорија - добро, кажи ни европски натпревар во кој играше добро. Не би можел да именувам ваква средба затоа што во тоа време не настапивме добро во Европа. Тој доминираше во Шкотска, но беше избркан против Интер во Милано. Тоа беше голем тест. Мислам дека ако тој одиграше силен натпревар против Интер, Сити би го купил. Мислам дека Ван Дајк тогаш беше многу добар, но едноставно не беше добар за европски натпревари, рече Деила. Тој беше менаџер на Селтик две години, а сега го води Њујорк Сити ФК.

Тагови

Остани поврзан