• четврток, 26 декември 2024

Ван Бомел нов тренер на Волфсбург

Ван Бомел нов тренер на Волфсбург
Берлин, 2 јуни 2021 (МИА) - Стана познато кој ќе го води Волфсбург во претстојната сезона. Нов главен тренер на тимот од Бундеслигата е Марк ван Бомел. Четириесет и четиригодишниот фудбалски стручњак потпиша 2-годишен договор со важност до летото 2023 година. Волфсбург ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2021/22. Ван Бомел како фудбалер беше долгогодишен репрезентативец на Холандија, а во германската Бундеслига настапуваше за Баерн од 2006 до 2011 година. Негова прва тренерска работа беше пред три години во ПСВ Ајндховен. Претходно една година беше асистент во Австралија, а минатата сезона асистираше во штабот на Обединетите Арапски Емирати. зс/

Остани поврзан