• недела, 24 ноември 2024

Вануату во Пацификот прогласи климатска вонредна состојба

Вануату во Пацификот прогласи климатска вонредна состојба
Сиднеј, 28 мај 2022 (МИА)  -   Архипелагот Вануату во Пацификот прогласи климатска вонредна состојба и план од 1,2 милијарди долари за ублажување на ефектите од климатските промени врз островската држава. Во говорот пред парламентот, премиерот Боб Лофман призна дека регионот на Тихиот Океан е веќе погоден од феноменот на пораст на нивото на водата и екстремните временски настани. Архипелагот од 300.000 жители беше погоден од два моќни циклони и катастрофална суша во последната деценија. „Земјата е веќе премногу жешка и малку безбедна“, им рече тој на пратениците, нагласувајќи дека Вануату сега е во опасност. Сумата од планот од 1,2 милијарди долари ќе дојде од земјите донатори. Претходно оваа недела, за време на патувањето на Фиџи, новата австралиска министерка за надворешни работи Пени Вонг вети дека нејзината земја наскоро ќе претстави поамбициозни цели за намалување на стакленички гасови и ќе биде кандидат за средба на врвот на климата со пацифичките острови. зш/

Остани поврзан