• четврток, 26 декември 2024

Вандалски уништена фонтаната „Печурка“ во Ново Лисиче

Вандалски уништена фонтаната „Печурка“ во Ново Лисиче
Скопје, 1 април 2021 (МИА) – Фонтаната „Печурка“ што се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а која деновиве е во фаза на реконструкција е уништена вандалски. Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки на фонтаната, со што нанеле штета од 33.000 денари, а случајот е веднаш пријавен во полиција, информира Општина Аеродром. Општината го осудува вандалскиот чин и апелира до граѓаните да не ги оштетуваат јавните површини. Во тек е подготовка на фонтаните низ парковите и нивно пуштање во функција. Надлежните од Општина Аеродром ги отстрануваат оштетените плочки и други дотраени делови од фонтаните и се заменуваат со нови, а се поставува и нова хидроизолација. ки/ац/

Остани поврзан