• сабота, 27 јули 2024

Вандалски напади извршени во текот на ноќта врз француската мрежа за брзи возови

Вандалски напади извршени во текот на ноќта врз француската мрежа за брзи возови

Париз, 26 јули 2024 (МИА) - Француската брза железничка мрежа е погодена од вандалски дејствија и поради тоа е нарушен транспортниот систем, соопшти утрово железничкиот оператор SNCF. Соопштението е објавено само неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

„Ова е напад со големи размери за да се парализира мрежата Те-Же-Ве (TGV)“, соопштија од SNCF. 
Според нви, многу рути ќе мора да бидат откажани и ситуацијата ќе трае „барем цел викенд додека се вршат поправките“.

„SNCF еше цел на напади извршени во текот на ноќта“, објави националниот железнички оператор, додавајќи дека нападите ги погодиле нејзините линии – Атлантик, северните и источните.

„Започнаа напади со подметнување пожари за да ги оштетат нашите објекти“, се вели во соопштението, додавајќи дека сообраќајот на погодените линии е „во голем прекин“.зш/

Остани поврзан