• четврток, 19 декември 2024

Ванг: Никој не сака трета светска војна

Ванг: Никој не сака трета светска војна
Пекинг, 26 април 2022 (МИА) – Шефот на кинеската дипломатија Ванг Венбин денеска изјави дека „никој не сака избувнување на трета светска војна“. Неговата изјава уследи откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров наведе дека е реална опасноста од нуклеарна војна. Ванг истакна дека Кина се надева дека ќе се „задржи мирот“ и оти двете страни „ќе бидат воздржани“, како и дека „ќе се избегне Европа и светот да платат уште повисока цена“. - Треба да размислиме како вителот на геополитички конфликти повторно се зголеми во Европа, повеќе од 30 години по крајот на Студената војна, наведе Ванг. ми/

Остани поврзан