• четврток, 19 декември 2024

Ванг: На Кина и на САД им требаат попозитивни пораки

Ванг: На Кина и на САД им требаат попозитивни пораки
Пекинг, 9 јули 2020 (МИА) - Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска изјави дека односите помеѓу Кина и САД се соочуваат со најсериозните предизвици откако се воспоставени дипломатски односи и оти на двете држави и трабаат позитивни пораки. -  Кина и САД би требало заеднички да ги истражат начините за мирен соживот, посочи Ванг. Тој додаде дека се надева оти САД ќе изградат објективно разбирање за Кина и оти ќе формулираат порационална и попрагматична политика кон Пекинг. ми/

Тагови

Остани поврзан